Инсталирање на mIRC.
Home

Latest News
Download mIRC
How to Install
Translations
Message Boards

Intro to IRC
IRC FAQ

Intro to mIRC
mIRC FAQ
Command List

How to Register

Mailing Lists
IRC Networks
Chat Links
More Info

mIRC е програм на англиски јазик и во мометов не постои ниту една преведена верзија. Сепак, користењето на mIRC-от не е тешко ниту за луге кои зборуваат на други јазици. Повеќето од копчињата, нивните својства и функции користат едноставни смислени наредби и задачи. Инсталирањето и првото стартување на mIRC-от се прва и единствена потешкотија. Тоа сакаме да го решиме со оваа датотека и нејзиниот превод.

Овој превод го направи OttO Schцnberger од изворна датотека, која ја напишал Tjerk Vonck а можете да ја најдете на http://www.mirc.co.uk/english.txt. Tjerk не зборува македонски јазик. Прашањата за mIRC-от можете да ги испратите на [email protected], но само на англиски јазик.

Што е mIRC.

За да можете да го користите IRC ви треба мал програм како mIRC shareware IRC за корисници на Windows, кој го напишал Khaled Mardam-Bey. mIRC е едноставен IRC клиент со многу опции и алати. mIRC можете бесплатно да го преземете од mIRC страницата на http://www.mirc.com/. Во оваа датотека ќе ви помогнеме да го преземете, инсталирате и да го користите mIRC.

Како да дојдете до IRC.

Без тешкотија ќе ви помогнеме при преземањето, инсталирањето и поставувањето на mIRC. Ако сте стигнале до ова ниво, тогаш сигурно ќе успеете да го добиете и да го инсталирате mIRC на вашиот компутер, со ваша упорност. Ви останува само да читате и да ги следите упатствата........

Доколку се случи некаде да се изгубите, повторно прочитајте го делот. Ако не ви успее од првпат, можете да направите и чекор настрана, а во меѓувреме да прочитате и некои други текстови. Јас би ви го препорачал IRC Intro на http://www.mirc.com/ircintro.html. Помошта е секогаш достапна, но вие морате да го извршите читањето.

Како да го преземете mIRC-от.

mIRC-от се испраќа како самораспакувачка архива која го инсталира mIRC на вашиот компјутер, исто како и многу други програми. Само морате да знаете кое издание на mIRC сакате да го користите. mIRC e достапен на 16-битно и 32-битно издание. 16-битно издание е наменето за старите (16-битни) оперативни системи како Windows 3.1 или 3.11. 32-битното издание е наменето за 32-битно оперативни системи како Windows 95/98, Windows 2000 или NT.

Претпоставувам дека веќе знаете која архива ја барате. Архивата со 16-битното издание се нарекува нешто како mircxxs.exe. Погеднете го „s“ меѓу буквите. Тоа претставува 16-бита. Архивата со 32-битно издание се нарекува нешто како mircxxt.exe. Буквата „t“ претставува 32-бита.

Сега сте подготвени да го преземете соодветното издание на mIRC архивата од еден од mIRC веб страниците. Стартувајте го вашиот Интернет пребарувач и одете на http://www.mirc.com или на неговите огледала. Ќе ја забележите кратенката (линк) за страницата за преземање на која се наоѓа попис на адресите за преземање. Не е важно која адреса користите затоа што сите нудат иста датотека. Се разбира, преземањето на поблиска локација ќе биде побрзо. Едноставно снимете ја датотеката која сте ја одбрале на васиот диск. Изберете го директориумот на дискот кој подоцна можете да го најдете. Бидете трпеливи, затоа што преземањето на mIRC-от може да потрае неколку минути...

Што е следното? Инсталирање!

Кога е преземен mIRC-от, подготвени сте за инсталирање на mIRC-от на вашиот компјутер. Дали се сеќавате на имињата на датотеките кои претходно ги преземавте? Побарајте ги на дискот. Кога ќе ги најдете, двапати кликнете. Тоа ќе ја стартува инсталацијата на mIRC-от. Програмот ќе бара да ја прочитате дозволата за користење и ќе го бара името на директориумот во ќе се инсталира mIRC-от (Destination Folder). Вообичаено веќе предложениот C:\mirc\ директориум е сосема добар. Стиснете „ок“ неколку пати и на крајот копчето „Install“ и вашата работа е завршена. Програмот за инсталација ќе го изврши остатокот од рааботата.

Стартувајте го mIRC првпат.

mIRC сега е инсталиран на вашиот компјутер и подготвен за употреба. Пред да продолжите проверете дали сте приклучен на интернет. Едноставно стартувајте го вашиот модем вообичаено. Побарајте ја малата mIRC икона некаде во Старт менито или во mIRC групата на програми. Кликнете на иконата за до го стартувате mIRC.

mIRC ќе стартува за првпат и се појавува Options menu барајќи од вас да пополните некои основни информации. За почеток е битен само „Connect“ дијалогот. Тоа е првата категорија на листата. Заборавете ги сите останати опции кои ви го одземаат вниманието. Пополнете ги полињата по име (Full name), E-mail адресата, прекарот (Nickname) и алтернативниот прекар (Alternative);


  • Full name: Вашето вистинско име (пример Tjerk Vonck)
  • E-mail adress: Вашата E-mail адреса (пример [email protected])
  • Nickname: Име од 1-9 знаци кои сакате да ги користите во разговор (пример Kreet)
  • Alternate: Во случај некој веќе да го користи вашиот прекар на IRC, ке се викате со ова име пример Kreet2

    Ако сакате можете да изберете и некој друг IRC сервер , но веќе предложениот Random US DALnet server ќе биде сосема добар. „НЕ“ морате да го користите вашето вистинско име и email адресата ако сакате да останете анонимен. Го гледате квадратчето „Invisible mode“ ? Ви предлагам да ја активирате оваа функција бидејќи ве прави невидлив за пребарување на серверот.

    Кога е сето ова средено, кликнете на големото копче со натпис „Connect to IRC Server“ и ќе бидете директно на патот на IRC. Ви честитам! Најдобро од се сето тоа е дека следниот пат не сте принудени да ја работите целата таа работа.

    Што се случува?

    Смирете се и погледнете.... Многу несто се случува. mIRC, се надевам, се споил со некои од DALnet- овите IRC сервери. Тој сервер ви испратил неколку пораки за статусот на системот во „STATUS“ прозорот. Исто така се појавил и „mIRC Channels Folder“. Погледнете го добро; Тука е пописот на најпопуларните IRC канали кои ви се достапни по целиот свет. Можеби ќе сакате да пробате еден од нив? Кликнете два пати на оној кој ќе го одберете.

    При конектирањето на каналот се отвора нов прозор. Имињата во колоната од десна страна се луѓето кои веќе се наоѓаат на каналот. Левиот дел од прозорот е место каде се одвива разговорот. Обидете се да им речете „Здраво“ на лугето на каналот, напишете го вашиот текс во линијата за пишување при дното на прозорот... Забавувајте се позборувајте си!

    Кога сакате да го напуштите каналот, двапати кликнете на копчето за излез кое се наога на горниот лев агол на прозорот за каналот.

    Интересна работа е ова!

    Точно е... Многу е интересно. Како што гледате, не беше тешко да се приклучите на IRC. Кога дојдовте дотука, ви остануваат многу работи за истражување. Оној мал попис на каналите во никој случај не е цел. Постојат илјада такви на оваа IRC мрежа. Напишете /list наредба за да можете да ги видите сите.

    Помош: Во „Commands“ менито - на врвот на екранот- можете да ги најдете сите основни наредби на mIRC. Ако немате што да правите, тоа ќе ви биде од голема корист. Многу лесно можете да се споите и со некоја друга IRC мрежа. Како што забележавте во File/Options/Connect менито можете да одберете некоја друга IRC мрежа или друг IRC сервер. Притиснете го големото „Connect to IRC Server“ копче за да се споите на некоја друга мрежа. Пробавте ли?

    Дали сакате да се најдете со некои пријатели на IRC и да се уверите дека сте на иста IRC мрежа. Знаејќи го каналот каде се наоѓаат вашите пријатели, а не знаејки на која мрежа се, тоа е исто како да барате главна улица а да не знаете во кој град барате.

    Кога ќе го инсталирате mIRC-от потребно е да соберете малку искуство. Отпрво се ќе ве збунува но, морате да се навикнете. Не заборавјте дека секогаш постојат добри луѓе кои можат да ви помогнат... За помош само прашувајте!

    Од IRC-от можете да се симнете со копчето во левиот агол од лентата со копчиња. На него се наоѓа слика со мал конектор. Пред да се симнете од IRC-от ви предлагам да ги испробате и останатите копчиња. Можеби подоцна и ќе ви затребаат.

    Повеќе информации

    За повеќе информации посетете ги следните страници:

    mIRC-овите службени страници

    Исто така погледнете во mIRC-от во „HELP“ менито. Ке видите дека мирцот доаѓа од двете важни датотеки за помош; едната за mIRC и другата за IRC општо. Оваа втората – IRC Intro- која веќе ви ја споменав, ви предлагам да ја прочитате денес или утре. IRC Intro ги објаснува сите појави со кои ќе се сретнете во следните неколку дена и ги појаснува сите навики и забавното однесување на лугето на IRC-от

    Ви пожелувам многу успех и забава на IRC-от!


    Originele Engelse versie van Tjerk Vonck - [email protected]
    Translation by Nikola Atanasovski
    © Copyright 1995-2002 Tjerk Vonck & mIRC Co. Ltd.